Stanušina Rosé ’25

Вистински израз на Domaine Kršla — уникатна органска оаза на 650 метри надморска височина, каде што ладните ноќи, топлите суви денови и древните карпести почви обликуваат грозје со исклучителен карактер.

Цена: Original price was: 690ден.Current price is: 590ден.

Quantity

*Ве молиме одберете берба и додадете го вашето посакувано вино во кошничката.

Продуктот моментално не е достапен.

Alc. 13,5% vol.
Идеално на 8° – 12°C
Станушина од бербата ’25 е блескаво и елегантно суво розе. Во чашата се прелива нежна боја на лосос, минерално и прецизно на нос со деликатни ноти на роза и свежа јагода. На непце полно, каде вкусот на јагода продолжува водејќи кон свеж и елегантен завршеток.

Станушина

Станушина е автохтона македонска сорта. Основна сорта за производство на црвени вина во Република Македонија се до појавата на филоксерата, сорта која и денес е доста присутна во нашите лозови насади и која во последно време го привлекува вниманието како на винариите така и на винските ентузијасти. Нашата Станушина се препорачува за винските љубители со посебен карактер. Вино со светло црвена боја, хармонично, со лесни и пријатни танини. Се карактеризира со богат аромат на црвени плодови, вишна, дрена, црвена рибизла.
Blue and green grapes on a vine - Vinarija Vinika

Храна и уживање

Погодни за уживање со полесни јадења. Станушина е совршено дополнување на риба на скара, пилешко, вегетаријански јадења и полесни тестенини. Светлата боја и пријатните киселини на Станушина “бараат” поделикатно и суптилно поврзување на храната и виното.
Uzivanje so hrana i vino - Vinarija Vinika
Голтка во неколку чина.
Дијалог лице во лице
со чаша природна Станушина
Vinata na Vinika postaveni na masa

Нашите вина