Виника Органик е плод од трудот на четворица пријатели и вински ентузијасти.
Нашите лозја се лоцирани во селото Виничка Кршла над градот Виница, во срцето на источниот регион на убавата Македонија, со официјален сертификат за насади на органско грозје.
Виница е област со долгата традиција и историја на грозје и винска култура за која сведочат многуте артефакти. А, ние токму од земјаната боја на теракотните плочи ја добивме инспирацијата и создаваме рамнотежа помеѓу традицијата и иновациите.
Регионот Кршла е специфичен маргинализиран тероар што ги исполнува сите услови за создавње нови до сега неистражени вкусови, дестилирани во едно сериозно добро вино.
Сончеви зраци, мирис на пролет
и музика која се слуша во далечина.
Чаша добра Виника е чиста поезија во шише.
©Виника 2024. Сите права се резервирани.